Select your language

This website will display in the language you choose.

Подготовка за закажан термин или состанок со толкувач

Category Working with Translators and Interpreters Published 14 јануари 2026


Добрата подготовка помага закажаните термините со толкувач да се одвиваат непречено. Со планирање однапред и обезбедување на точни информации на вашиот толкувач, можете да избегнете недоразбирања, да заштедите време и да создадете професионална средина за сите.

Обезбедете ги важните детали

Погрижете се толкувачот однапред да го знае датумот, времето, локацијата и очекуваното времетраење на состанокот. Вклучете ги деталите за пристап, како што се броеви на соби, упатства за влез во зграда или линкови за онлајн состаноци. Ова помага сесијата да започне навреме и да се одвива непречено.

Изберете го соодветниот начин на толување

Пред закажаниот термин, одлучете кој начин на толкување ќе се користи, бидејќи тоа влијае на времето и планирањето на практичните детали.

Консекутивно толкување

Толкувачот чека говорникот да направи пауза пред да го преведе она што е кажано. Овој начин најчесто се користи на закажани термини или состаноци со мал број на луѓе. Сесијата ќе трае околу двојно подолго од разговор на еден јазик, затоа предвидете дополнително време во вашиот распоред.

Симултано толкување

Толкувачот преведува во реално време, обично користејќи специјализирана опрема како слушалки или кабини за преведување. Овој начин најдобро функционира за состаноци со поголем број на учесници, конференции или групни дискусии каде што треба да се одржи протокот на комуникација. Бидејќи ова е ментално напорна работа, се препорачува да имате најмалку двајца толкувачи кои можат да се менуваат за да се одржи точноста на преводот и да се избегне замор.

Кога закажувате толкувач, потврдете кој начин на толкување ќе се користи и погрижете се соодветната опрема да е поставена. Доколку не сте сигурни, вашиот давател на јазични услуги или толкувачот може да ве советува за најдобриот пристап.

Дајте му информации на толкувачот однапред

Секогаш кога е можно, дајте му информации на толкувачот пред задачата. Ова подразбира да ја објасните целта на состанокот, кој ќе биде присутен и сите клучни детали што треба да ги знае. На пример, известете го преведувачот дали состанокот ќе биде емотивен, технички или на чувствителна тема. Ова му помага да го избере соодветниот тон и терминологија.

Истакнете какви било технички изрази, стручна терминологија или специфичен жаргон за да може толкувачот да се подготви за точно толкување. Дури и краток разговор пред сесијата може да заштеди време, да се избегнат недоразбирања и да се обезбеди непречена комуникација.

Споделете ги материјалите однапред

Доколку е можно, споделете ги соодветните материјали или предвидените точки за разговор на состанокот однапред. Ова му помага на толкувачот да ја подготви терминологијата и да го разбере контекстот. Сите информации или документи што ќе ги дадете ќе останат доверливи бидејќи толкувачите се обврзани со етички кодекс кој налага доверливост.

Доколку споделувате документација со вашиот клиент за време на состанокот што не е достапна на нивниот јазик, доставете му ја на толкувачот пред да започне сесијата. Ова му дава можност да го разгледа материјалот. Во некои случаи, можеби ќе може усно да го преведе документот. Ова значи дека ќе го прочита документот на глас на другиот јазик.

Претставете го толкувачот

Пред да започне сесијата, претставете го толкувачот и објаснете ја неговата улога на сите присутни. Толкувачот ја олеснува комуникацијата меѓу сите странки, осигурувајќи се дека сè што е кажано на едниот јазик е точно пренесено на другиот. Тој не додава, изоставува или менува информации и не дава мислења, совети или објаснувања.

Можете да започнете со едноставна изјава како: „Ова е нашиот толкувач, кој ќе ни помогне да комуницираме денес. Сè што ќе кажеме ќе биде толкувано точно и доверливо.“

Потсетете ги учесниците дека толкувачот ќе зборува во прво лице (т.е. „јас“, „ние“) за да се одржи природниот тек на разговорот. Секој треба да зборува директно еден со друг, а не со толкувачот, и дозволете време за толкување.

Клучни работи што треба да се запомнат

  • Одвојте дополнително време за сесиите со толкувач
  • Зборувајте во кратки реченици и редовно паузирајте
  • Одржувајте контакт со очите со вашиот клиент, а не со толкувачот
  • Користете јасен, едноставен јазикUse clear, simple language
  • Избегнувајте сленг, идиоми или сложени споредби
  • Бидете трпеливи, на некои јазици се потребни повеќе или помалку зборови за да се пренесе истото значење

Разбирањето дека толкувачите следат етички кодекс што налага доверливост, непристрасност и точност помага во градењето доверба и обезбедува професионална комуникација во текот на целата сесија.

Дополнителни ресурси

За повеќе информации за работа со толкувачи, посетете ги веб-страниците:

Was this page helpful?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.