Обезбедување на квалитет: Како да прегледате и проверите преводи
Кога сте одговорни за прегледување на преводи на јазици што не ги зборувате, тоа може да ви изгледа невозможно. За среќа, постојат практични чекори за обезбедување на квалитетот што можете да ги преземете за да се осигурате дека вашата преведена содржина е точна, професионална и соодветна за намената.
Основни проверки на квалитетот што можете да ги направите без да го познавате јазикот
Дури и ако не го владеете течно целниот јазик, сепак можете да направите визуелен и структурен преглед:
Споредете ја должината на текстот
Дали преведениот текст е приближно со иста должина како и оригиналот? Иако на некои јазици природно се потребни повеќе или помалку зборови, голема разлика може да укажува на содржина што недостасува или на додадена содржина.
Проверете го форматирањето
Дали бројот на пасуси, точки при набројување и наслови се совпаѓа со изворот? Дали преведениот текст се појавува на точните места?
Проверете ги броевите и симболите
Потврдете дека броевите се совпаѓаат со оригиналот. Проверете ги и симболите и интерпункцијата, имајќи предвид дека нивната употреба може да се разликува во различни јазици.
Забележете печатни грешки
Побарајте чудни знаци како прашалници во квадратчиња или погрешно поставени симболи. Ова може да укажува на технички проблеми или проблеми со пишувањето.
Предупредувачки знаци на кои треба да внимавате
Проблемите со квалитетот често произлегуваат од лоши методи на работа или недостаток на професионализам. Еве неколку предупредувачки знаци:
Неквалификувани преведувачи (Unqualified translators)
Секогаш проверувајте ги професионалните сертификати од NAATI преку веб-страницата на NAATI. Недостатокот на сертификација или професионално искуство е причина за загриженост.Always verify NAATI credentials through the NAATI website. Lack of certification or professional experience is a concern.
Лоша комуникација
Преведувачите треба да бидат достапни за комуникација и подготвени да прифатат забелешки. Одбранбеното однесување или одбивањето да се направат промени е предупредувачки знак.
Сомнителни рокови за испорака на преводот
Завршувањето на огромна работа (на пример, 160.000 зборови) за 24 часа е нереално и веројатно укажува на лош квалитет или непрегледан машински превод.
Невообичаени цени
Цените што се многу пониски или повисоки од другите понуди што сте ги добиле без објаснување може да се знак на измами или работа со слаб квалитет. Повисоките цени може да бидат оправдани со повисоко ниво на NAATI сертификација, долгогодишно искуство или напредни квалификации.
Проблеми со испораката
Дали преводот беше доставен во договорениот формат и навреме? Ако не, дали доцнењата беа јасно најавени?
Неприроден текст
Ако вие или некој што го познавате може да го чита целниот јазик, проверете го правописот, граматиката и природниот тек на речениците. Несмасните фрази може да укажуваат на лош превод.
Кога да побарате второ мислење
Ако нешто ви се чини погрешно, побарајте втор преведувач да го прегледа преводот.
Секогаш треба да побарате втор преглед за:
- Правни документи
- Јавни соопштенија
- Здравствени информации
- Прирачници за безбедност
- Секоја содржина што бара прецизност
- Преводи создадени или потпомогнати од вештачка интелигенција или алатки за машински превод.
Клучна поента
Иако можете сами да ги откриете проблемите на површинско ниво, само сертифициран преведувач може да обезбеди преводот да биде точен, природен и соодветен за вашата намена. Кога се сомневате, секогаш побарајте потврда од втор преведувач.