Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Избор на соодветниот професионалец за работата: Преглед на професионалните сертификати на NAATI

Категорија Ресурси за корисници Објавени 30 јануари 2026

На оваа страница


Кога треба да преведете документи или да комуницирате со некој што зборува друг јазик, важно е да најдете соодветен професионалец кој ќе ви помогне. Преведувачите работат со писмени текстови, додека толкувачите работат со говорна или знаковна комуникација.

Системот за сертификација на NAATI вклучува три професионални сертификати за преведувачи и шест професионални сертификати за толкувачи. Ова упатство ќе ви помогне да разберете за што служи секој професионален сертификат.

NAATI не нуди тестирање на секој јазик или на секое ниво. Доколку тестирањето не е достапно за вашиот јазик, преведувачите и толкувачите сепак може да добијат сертификат за Признат преведувач или толкувач во активна (Recognised Practising) дејност кој покажува дека ја имаат потребната обука и јазични вештини.

Имајте предвид дека преведувачите и толкувачите со ист професионален сертификат може да имаат различни области на стручност. Користете го онлајн именикот (directory) на NAATI за да пребарувате сертифицирани преведувачи (certified practitioners) и толкувачи и да дознаете повеќе за нивното специфично искуство и квалификации.

За повеќе информации за Системот за сертификација на NAATI, посетете ја веб-страницата на NAATI

Предуслови

За да добијат сертификат од NAATI, сите преведувачи и толкувачи мора да исполнат неколку предуслови. Секој професионален сертификат има свои одредени предуслови (на пример, потребно е различно ниво на обука), но сите тие вклучуваат:

  • Формална обука за преведување или толкување
  • Познавање на англискиот јазик или Auslan (австралиски знаковен јазик)
  • Етичка компетентност: Познавање и разбирање на релевантниот Етички кодекс со кој се обврзани сите сертифицирани преведувачи и толкувачи
  • Меѓукултурна компетентност: Знаење и вештини потребни за работа меѓу културите во австралиски услови.

Професионални сертификати за преведувачи

Постојат три професионални сертификати за преведувачи кои покажуваат различни нивоа на вештина и искуство.

Преведувачите кои поседуваат професионален сертификат за преведувач мож да преведуваат сложени и едноставни документи од еден јазик на друг. Тие исто така можат да прегледаат и уредат постоечки превод за да се осигури дека е тој точен. Преведувачите можат да работат само во една или во две насоки: на пример, од полски на англиски јазик и/или од англиски на полски.

Признати преведувачи во активна дејност (Recognised Practising Translators) се преведувачи чии вештини не се тестирани од NAATI, но имаат завршено минимална обука и ги исполнуваат предусловите и имаат неодамнешно, редовно искуство во преведувањето. Обично тие работат на јазици за кои не е достапно NAATI тестирање.

Доколку нема преведувачи кои поседуваат сертификација за одреден јазик, од признатите преведувачи во активна дејност може да се побара да ја извршат истата работа како и некој што поседува сертификација.

Сертифицирани преведувачи (Certified Translators) имаат завршено минимална обука и ги исполнуваат предусловите и вештините им се тестирани од NAATI. Ова е највисокиот професионален сертификат за преведувач достапен во рамките на Системот за сертификација.

Задачи оценети од NAATI
  • Превод на сложени, но неспецијализирани текстови
  • Преглед на сложен, но неспецијализиран превод

Сертифицирани напредни преведувачи (Certified Advanced Translators) се стекнале со повисок професионален сертификат според поранешниот систем за акредитација на NAATI (пред 2018 година). Тестирањето повеќе не е достапно, но некои преведувачи сè уште го поседуваат овој професионален сертификат.

Професионални сертификати за толкувачи

Постојат шест професионални сертификати за толкувачи во две главни области: толкување во заедницата (community interpreting) и толкување на конференции (conference interpreting).

Признати толкувачи во активна дејност (Recognised Practising Interpreters) се толкувачи чии вештини не се тестирани од NAATI, но имаат завршено минимална обука, ги исполнуваат предусловите и имаат неодамнешно, редовно искуство во толкување. Обично тие работат на јазици за кои не е достапно тестирање од NAATI.

Доколку нема толкувачи кои поседуваат сертификација за одреден јазик, од признатите толкувачи во активна дејност може да се побара да ја извршат истата работа како и некој што поседува сертификација.

Сертифицирани толкувачи на почетно ниво (Certified Provisional Interpreters) се толкувачи чии вештини за толкување се тестирани за општи, несложени разговори, обично помеѓу две лица. Изразот „почетно ниво“ (provisional) се користи бидејќи NAATI не го оценил поширокиот опсег на вештини за толкување што се тестираат на ниво на сертифициран толкувач (Certified Interpreter).

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување на разговори лице в лице (или преку видео) и на далечина (преку телефон) помеѓу лице кое зборува англискиот јазик и лице кое зборува друг јазик, со помош на учесници кои играат улоги.

Сертифицирани толкувачи (Certified Interpreters) може да вршат сложено толкување во повеќето ситуации. Го имаат положено тестот за Сертифициран толкувач на почетно ниво, како и тестот за Сертифициран толкувач со NAATI.

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување на разговори меѓу две лица
  • Толкување на лице место (sight translation) на документи од еден јазик (писмен) на друг (усмен).
  • Толкување монолози (консекутивно и симултано толкување)

Сертифицирани специјализирани здравствени толкувачи (Certified Specialist Health Interpreters) се искусни и стручни толкувачи кои се експерти за толкување во областа на здравството. Тие имаат положено тест за медицинско знаење што опфаќа општи медицински познавања и знаење за улогата на толкувачите во здравството, вклучувајќи и прашање поврзано со логопедија. Исто така, имаат положено тест за толкување кој ја проценува нивната способност да толкуваат комуникација меѓу експерти (како на пример кога лекар разговара со друг здравствен работник за пациент) и да толкуваат во областа на менталното здравје. Тие работеле како сертифицирани толкувачи и добиле специјализирана обука пред да напредуваат на ова ниво.

Задачи оценети од NAATI
  • Тест за знаење од областа на здравството
  • Консекутивно толкување на монолог
  • Симултано толкување на монолог во областа на менталното здравје
  • Толкување на еднојазична размена (симултано толкување на повеќе говорници кои зборуваат англиски јазик во сложена ситуација)

Сертифицирани специјализирани правни толкувачи (Certified Specialist Legal Interpreters) се искусни и искусни толкувачи кои се експерти за толкување во областа на правото. Тие имаат положено тест за познавање на правото што опфаќа општо познавање на правото и знаење за улогата на толкувачите во областа на правото. Исто така, положиле тест за толкување кој ја проценува нивната способност за толкување на комуникација меѓу експерти (како што се разговори меѓу судија и адвокати) и вкрстено испитување на сведоци во судница. Тие работеле како сертифицирани толкувачи и добиле специјализирана обука пред да напредуваат на ова ниво.

Задачи оценети од NAATI
  • Тест за знаење од областа на правото
  • Задача со извадоци од дијалог (консекутивно толкување на сценарио за симулирано вкрстено испитување на сведок)
  • Консекутивно толкување на монолози
  • Толкување на еднојазична размена (симултано толкување на повеќе говорници кои зборуваат англиски јазик во сложена ситуација)

Сертифицирани конференциски толкувачи (Certified Conference Interpreters) можат да толкуваат многу сложени и специјализирани пораки во меѓународни и домашни конференциски услови на високо ниво, како што се преговори за меѓународни договори и академски конференции. Овие толкувачи обично имаат специјализирана обука за конференциско толкување и богато искуство. Нивните професионални сертификати опфаќаат една јазична насока (на пример, од јапонски на англиски или од англиски на Auslan), иако некои толкувачи поседуваат повеќе јазични комбинации.

Задачи оценети од NAATI
  • Толкување на монолог (консекутивно толкување) на невиден говор
  • Толкување монолози во кабина (симултано толкување) на видени и невидени говори
Дали оваа страница беше корисна?(Задолжително)

Вашите коментари ни помагаат да ја подобриме оваа страница, NAATI ги користи овие коментари за да ја подобриме нашата веб-страница.

Ако ви треба одговор, ве молиме користете го нашиот формулар Контактирајте нè.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.