Select your language

This website will display in the language you choose.

Двојазично лице наспроти толкувач (interpreter): Која е разликата?

Category Consumer resource Published 15 јануари 2026

Сите толкувачи се двојазични, но не сите двојазични лица можат да бидат толкувачи.

  • Толкувачот е двојазично обучено професионално лице со познавање на две култури, обврзано со етички кодекс. Општо прифатен стандард за работа како толкувач во Австралија е NAATI сертификација.
  • Двојазично лице може да зборува два јазика, но нема добиено обука за толкувач и не е обврзано со етички кодекс.

По што се издвојуваат толкувачите?

Обука и сертификација

На толкувачите им е потребна формална обука за да ги стекнат вештините потребни за професионална работа. NAATI ги проверува нивните вештини и искуство пред да додели сертификација, за да можете да бидете сигурни дека нивните способности се оценети.

Јазични вештини и вештини за пренос на значење

NAATI оценува низа вештини за да се осигури дека толкувачите работат прецизно и професионално. Ова вклучува јазична способност, меморија, самодоверба за барање појаснување, снаоѓање во ситуација кога повеќе луѓе зборуваат истовремено, способност да го следат тонот и стилот на говорниците итн. Толкувачите се вешти во препознавање на културните значења во она што се зборува и правилно ги пренесуваат на другиот јазик.

Професионално однесување

Толкувачите се придржуваат до етички кодекс со девет водечки принципи. На пример, толкувачите мора да толкуваат точно, да бидат непристрасни и да ја почитуваат доверливоста. Тие нема да споделуваат информации без согласност (освен кога тоа го бара законот). Тие се исто така вешти во справувањето со етички дилеми во нивната работа.

Стручни знаења

Голем број толкувачи се фокусираат на специфични области како што се правото или здравството. Ова ја зголемува нивната способност за прецизно толкување затоа што стекнуваат знаења за терминологијата и ситуациите во тие области. NAATI нуди сертификации за Сертифициран специјализиран толкувач (Certified Specialist Interpreter)на некои јазици за толкувачи кои се високо специјализирани во здравствени или правни области.

Двојазични лица ангажирани како толкувачи

Недостаток на вештини

Двојазично лице може течно да владее со два јазика, но да нема вештина за пренесување на значењето меѓу нив. Може да им недостасува самодоверба за барање појаснување или искуство со водење белешки, клучна вештина кога има сложени информации. Можеби им недостасува фонд на зборови за формални или комплицирани ситуации.

Ризик од погрешна комуникација

Барањето од необучени двојазични лица да толкуваат во правни, медицински или други чувствителни ситуации може да предизвика сериозни грешки. Овие грешки може да доведат до погрешни дијагнози, недоразбирање на законските права, проблеми со давање/барање согласност или прекршување на доверливоста.

Неоценети способности

Нивниот јазик и вештините за толкување не се независно оценети.

Членови на семејството како толкувачи

Користењето членови на семејството како толкувачи создава дополнителни проблеми:

  • Тие можат да направат опасни грешки поради непознавање на терминологија или со додавање или отстранување информации од емоционални, културни или лични причини
  • Тие можат да ја кажат својата верзија на настаните
  • Засегнатите лица може да не ги споделат сите соодветни информации поради загриженост за приватноста
  • Тоа може да предизвика стрес и траума за членот на семејството

Од ниедно лице под 18 години не треба да се бара да толкува. Ангажирањето професионален толкувач му овозможува на семејството да се фокусира на обезбедување емоционална поддршка и поставување прашања.

Каде двојазичните лица се истакнуваат

Кога комуникацијата е со низок ризик и точноста не е неопходна, двојазичните лица играат вредна улога. Двојазичните работници работат како рецепционери, медицински сестри, административни службеници, маркетинг професионалци, туристички водичи и друго. Нивната способност да зборуваат два јазика ја подобрува комуникацијата во заедницата.

Во здравството, двојазичните здравствени работници кои потекнуваат од иста култура со пациентот имаат суштинска улога во обезбедувањето културно соодветна нега. Сепак, секогаш ангажирајте толкувач кога:

  • се работи за давање/барање согласност
  • се дискутира за дијагноза, планови за лекување и други ситуации со висок ризик или емоционални ситуации.

Прашања што треба да се постават

Кога избирате помеѓу толкувач и двојазично лице, земете ги предвид следниве работи:

  • Дали постојат етички последици?
  • Дали недоразбирањата можат да имаат сериозни негативни последици?
  • Дали разговорот или информациите се правно обврзувачки?
  • Дали треба да дадам или добијам согласност?
Was this page helpful?(Required)

Your feedback helps us improve this page. NAATI uses this feedback to improve our website.

If you need a reply, please use our Contact us form.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.