Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Работење со медицински толкувачи: Водич за даватели на здравствени услуги

Категорија Ресурси за здравствени работници Објавени 22 јануари 2026


Ефективната комуникација е од суштинско значење за обезбедување квалитетна здравствена нега. За пациенти со ограничено познавање на англискиот јазик или за оние кои се глуви, професионалните толкувачи (interpreters) играат витална улога во обезбедувањето точна, достоинствена и безбедна комуникација помеѓу здравствените работници и пациентите.

Зошто да работите со NAATI сертифицирани (NAATI-certified) толкувачи?

Сертифицираните толкувачи од NAATI се обврзани со етички кодекс и се обучени да ги почитуваат етичките стандарди, вклучувајќи доверливост, непристрасност и точност. За разлика од членовите на семејството или двојазичниот персонал, нивната улога е да се справат со сложена медицинска терминологија и чувствителни дискусии без лично емоционално вклучување.

Работењето со NAATI сертифицирани толкувачи:

  • ја подобрува безбедноста на пациентот и давањето информирана согласност
  • го намалува клиничкиот и правниот ризик
  • ги намалува клиничките грешки и недоразбирања
  • придонесува за поголема задоволеност на пациентот и подобри здравствени исходи
  • ги поддржува законските и етичките обврски според законите за здравствена нега и спречување на дискриминација.

Кога да се ангажира толкувач

Ангажирајте толкувач кога:

  • пациентот ќе побара
  • пациентот има ограничено познавање на англискиот јазик
  • пациентот е глув или наглув
  • се дискутираат сложени, чувствителни или правни информации, вклучително и кога се бара согласност.

Стресот или непознатите ситуации можат да влијаат на способноста на пациентот за комуникација, дури и ако обично разбира англиски. Избегнувајте да се потпирате на деца, членови на семејството или необучен персонал, особено во ситуации поврзани со ментално здравје, давање согласност или поставување дијагноза.

Запомнете: толкувачот е тука за сите учесници во разговорот, не само за лицето со ограничено познавање на англискиот јазик. Ако сте загрижени дека не можете добро да комуницирате со пациентот, треба да повикате толкувач.

Закажување толкувач

Многу болници и клиники имаат воспоставено процедури за закажување. Прегледајте ги процесите на вашата организација и направете подготовки што е можно порано за да се осигурате дека се обезбедени соодветни јазични услуги.

Прочитајте ги упатствата на NAATI за тоа како да работите со толкувачи, вклучително и како да изберете соодветен начин на толкување.

Потребни информации

За да закажете толкувач, ќе ви треба:

  • името на пациентот (земете ја предвид приватноста во мали заедници околу чувствителни теми)
  • потребниот јазик
  • датум, време и времетраење на закажаниот термин
  • видот на терминот и природата на разговорот
  • адресата (за услуги на лице место)
  • името и контакт информациите на членот на персоналот

Други работи што треба да се имаат предвид

  • Консултациите со толкувачи може да траат подолго од консултациите без толкувач. Земето го ова предвид при закажување на времетраењето на сесијата.
  • Прашајте ги пациентите за претпочитаниот пол на толкувачот.
  • Некои пациенти може да претпочитаат ист толкувач за редовните консултации.

Пред сесијата

Обебедување место каде толкувачот ќе чека

Доколку е можно, обезбедете им на толкувачите одреден простор за чекање, одвоено од пациентот. Ова ги одржува професионалните граници и создава место каде што персоналот може да им даде информации однапред на толкувачите пред консултациите.

Давање информации однапред на толкувачот

Претставете се на толкувачот и дајте му информации пред консултацијата. Споделете ги соодветните основни информации и темите што ќе се опфатат, особено ако сесијата вклучува чувствителни прашања. Темелната подготовка му помага на толкувачот да се подготви за ефикасна консултација. Погледнете ги упатствата на NAATI за тоа како да работите со толкувачи, вклучително и делот за нивна подготовка, овде.

Распоред на седење

За закажани прегледи на лице место: Распоредете ги столовите така што пациентот, толкувачот и лекарот ќе формираат триаголник. Ова овозможува јасна комуникација и обезбедува сите да се вклучени.

За толкување со Auslan: Толкувачот треба да седи или да стои до здравствениот работник и спроти пациентот. Ова му овозможува на глувиот пациент да одржува контакт со очите со говорникот и да го набљудува говорот на телото. За подолги сесии, можат да се менуваат двајца толкувачи.

За толкување на далечина: Осигурајте се дека ја имате потребната опрема и знаете како да ја користите. Телефонското толкување најдобро функционира со фиксна линија и телефон со звучник.

За време на сесијата

Започнување на закажаниот термин

Започнете со тоа што ќе се претставите себеси и толкувачот на пациентот. Објаснете ја улогата на толкувачот: тој ја олеснува комуникацијата и точно толкува што се кажува без додавање или изоставување информации. Објаснете ја целта на сесијата и поттикнете го пациентот да поставува прашања во секое време.

Завршување на закажаниот термин

Сумирајте ги клучните поенти за да потврдите дека сè е јасно разбрано. Проверете дали пациентот ги разбира информациите и поттикнете го да постави последни прашања. Организирајте толкувачот да си замине одвоено од пациентот за да се одржат професионалните граници.

По сесијата

Понудете можност за завршен разговор со толкувачите, особено по сложени консултации. Ова овозможува дискусија за какви било прашања и поддржува ефективна соработка. Ова е исто така соодветно време да го кажете вашето мислење или да ги разјасните сите забелешки во врска со однесувањето на толкувачот.

Дополнителни ресурси

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата:

Дали оваа страница беше корисна?(Задолжително)

Вашите коментари ни помагаат да ја подобриме оваа страница, NAATI ги користи овие коментари за да ја подобриме нашата веб-страница.

Ако ви треба одговор, ве молиме користете го нашиот формулар Контактирајте нè.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.