Изберете јазик

Оваа веб-страница ќе се прикаже на јазикот што ќе го изберете.

Прашања

Користете го овој формулар за да контактирате со NAATI ако имате прашање или барате помош.

NAATI не нуди услуги на преведувачи или толкувачи. За да пронајдете NAATI сертифициран преведувач или толкувач, ве молиме користете го нашиот онлајн именик.

Контактирајте со NAATI

Често поставувани прашања

NAATI, Национално тело за акредитација на преведувачи и толкувачи, е организацијата одговорна за поставување и одржување на национални стандарди за преведувачи и толкувачи во Австралија.

NAATI сертифицира преведувачи и толкувачи, за да можат владите, бизнисите и заедницата да имаат доверба дека јазичните услуги се точни, професионални и етички.

Што прави NAATI:
NAATI тестира и сертифицира преведувачи и толкувачи. Поставува национални стандарди за преведување и толкување, одржува јавен онлајн именик на сертифицирани преведувачи и толкувачи и обебедува квалитет и професионализам во секторот за јазични услуги.

Што не прави NAATI:
NAATI не нуди услуги за превод или толкување, не вработува преведувачи или толкувачи, не доделува и не закажува работни задачи, ниту пак одредува цени или надоместоци за услугите.

Ако ви е потребен превод на документ или сакате да закажете толкувач, ќе треба директно да контактирате со NAATI сертифициран преведувач/толкувач или давател на јазични услуги.

NAATI има јавен онлајн именик на преведувачи и толкувачи кои поседуваат NAATI сертификација. Ова е еден од главните начини на кои заедницата може да пронајде сертифициран преведувач/толкувач со кој ќе соработува.

Резултатите од пребарувањето во именикот прво ги прикажуваат преведувачите/толкувачите со највисок професионален сертификат, а потоа имињата се појавуваат по случаен редослед, така што ниту еден преведувач/толкувач не добива приоритет пред друг.

Преведувачите и толкувачите самите избираат дали нивните податоци ќе бидат прикажани во именикот. NAATI не споделува податоци за контакт на преведувачи/толкувачи кои не се наведени во именикот.

Оваа алатка ви овозможува да проверите дали преведувачот или толкувачот моментално е сертифициран од NAATI и да ги видите деталите за неговата сертификација.

Со алатката се потврдува дека преведувачот/толкувачот што планирате да го ангажирате е квалификуван, сертифициран и способен да обезбеди професионални услуги. Или ви овозможува да проверите дали преводот што сте го добиле е изработен од NAATI сертифициран преведувач.

Дали оваа страница беше корисна?(Задолжително)

Вашите коментари ни помагаат да ја подобриме оваа страница, NAATI ги користи овие коментари за да ја подобриме нашата веб-страница.

Ако ви треба одговор, ве молиме користете го нашиот формулар Контактирајте нè.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.